Британскиот нафтен гигант ги надмина очекувањата

Британскиот нафтен гигант Шел денеска на својата веб-страница објави дека во 2023 година заработил 28,25 милијарди долари.

На овој начин ги надмина очекувањата на агенцијата LSEG која прогнозираше годишен профит од 27,5 милијарди долари.

Истовремено, компанијата најави откуп на акции за 3,5 милијарди долари, кој според планот треба да биде завршен до 2 мај годинава, како и зголемување на дивидендата по акција за четири отсто.

„Шел“ минатата година забележа рекорден годишен профит од 39,9 милијарди долари.

Извршниот директор на Шел Ваел Саван рече дека е „задоволен од постигнатиот напредок, но и свесен дека треба повеќе да се направи“.

Нафтената компанија заработи 7,3 милијарди долари во четвртиот квартал од 2023 година, што е повеќе од 6,2 милијарди долари прилагодена заработка во третиот квартал.

Можеби ќе ве интересира...

ИСПЛАТАТА ЌЕ ПОЧНЕ ОВОЈ МЕСЕЦ – еве кој сѐ ќе земе пари од владината помош, законот усвоен и пратен на усвојување по скратена постапка

BiznisPRO

ПАДНА ОДЛУКА: Утврдени нови цени на горивата

BiznisPRO

ЕСМ: Ако некој има сознанија за фирма што продава струја, а не ја наплаќа авансно, да ја пријави

BiznisPRO