Џабе горна граница, џабе санкции

Повеќе од 99 отсто од руската нафта се продаваше над 60 долари за барел.

Повеќе од 99 отсто од руската нафта транспортирана по морски пат се продаде за повеќе од 60 долари за барел во октомври, над горната граница што ја поставија земјите од Г7 како дел од санкциите против Москва.

Како што пренесуваат агенциите, повикувајќи се на податоци од Киевската школа за економија (KSE), просечната цена на нафтата извезена од руските пристаништа во октомври изнесувала 79,4 долари за барел.

Според истражувањето на КСЕ, во октомври околу 30 отсто од светските испораки на нафта по морски пат биле направени со учество на компании од земјите од Г7, Европската унија или други западни земји.

Западните осигурителни компании треба да бараат потврда од трговецот дека нафтата што ја превезуваат се продава под 60 долари за барел.

Агенцијата забележува дека Русија во последните месеци научила да ги заобиколува санкциите на Г7 користејќи флота танкери чии сопственици и осигурителни компании се непознати, а KSE наведува дека фалсификувањето сертификати е вообичаена практика.

Можеби ќе ве интересира...

ЕУ го санкционираше најголемиот руски производител на дијаманти

BiznisPRO

Повторно е на врвот

BiznisPRO

Омилениот бренд на Македонците под истрага

BiznisPRO