ДОАЃААТ КИНЕСКИТЕ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ КОИ ЌЕ СЕ ПРОДАВААТ ПОД 10.000 ЕВРА – BYD ги испорача првите возила на европскиот пазар

Првиот товарен брод со возила на кинескиот производител BYD ги истовари првите 3.000 електрични автомобили на таа компанија во германското пристаниште Бремерхавен.

Електричните автомобили кои пристигнаа ќе бидат испорачани во неколку европски земји, а најевтините модели од првиот круг би требало да чинат само 9.300 евра. Во Европа просечната цена се очекува да биде над 10.000 евра и треба да зависи од пазарната политика на увозниците во одделни земји, пренесува Бета.

Цената на тие модели конкурентите ја сметаат за „неприфатливо ниска“ бидејќи BYD има големи владини субвенции во Кина.

Ја престигна Тесла во однос на продажбата
BYD, кинескиот гигант за производство на електрични автомобили, го престигна американскиот Tesla според продажбата во светот во последниот квартал од 2023 година.

BYD нарача вкупно осум бродови за транспорт на автомобили од Кина, особено во Европа, јавуваат германските медиуми.

BYD (што е кратенка за Build Your Dreams) е водечки светски производител на електрични автомобили.

Групата престана да произведува автомобили со мотори со внатрешно согорување во 2022 година за да се фокусира на хибридни и електрични модели.

Можеби ќе ве интересира...

За нив нема криза: Еве кој е најголемиот извозник на автомобили во Америка

BiznisPRO

VW отпушта работници за да им конкурира на Кинезите

BiznisPRO

Датумот на продолжувањето со работа сè уште не е познат: BMW привремено го СУСПЕНДИРА ПРОИЗВОДСТВОТО во Шенјанг

BiznisPRO