Ефектот на поевтината струја: Производните цени во Германија паднаа за прв пат од крајот на 2020 година

Во јули, цените на производителите во Германија паднаа на годишно ниво за прв пат по повеќе од две и пол години, под притисок од падот на цените на енергијата.

Цените паднаа за шест отсто во споредба со истиот месец минатата година, кога скокнаа како резултат на војната во Украина.

Ова е прв пад на цените на производителите во Германија на годишно ниво од ноември 2020 година и најостар пад од октомври 2009 година, кога владееше финансиската криза.

Цените на енергенсите во јули паднаа за 19,3 отсто во однос на истиот период лани, бидејќи цената на струјата нагло падна, при што струјата поевтини во сите групи корисници за 30 отсто.

Доколку се исклучат цените на енергијата, производствените цени биле за два отсто повисоки од истиот месец лани.

Слабеењето на инфлаторните притисоци во Германија и во целата еврозона следеше по наглото зголемување на каматните стапки од страна на Европската централна банка во последната година. Тоа предизвика забавување на економскиот раст, како и слабеење на побарувачката, па под притисок се и производствените цени.

Можеби ќе ве интересира...

Први на светот го воведуваат овој закон, дали е ова крај за евтината увозна облека

BiznisPRO

Продолжување на трговската војна: Американците го блокираа увозот на „ауди“ и „порше“ поради кинески делови

BiznisPRO

ИКЕА ги затвора продавниците во Русија

BiznisPRO