ПРОМО

ЕУ СО НОВА ТУРИСТИЧКА СТРАТЕГИЈА – Поддршка за малите компании и подобро управување со посетителите

Европската комисија денеска претстави Стратегија за одржлив туризам, насочена кон поголема конкурентност и отпорност на секторот. Меѓу приоритетите се дигитализацијата, развојот на вештините и намалувањето на непотребните административни пречки.

Предвидени се европска туристичка академија, опсерваторија и заеднички простор за туристички податоци. Комисијата планира и инструменти за подобро управување со посетителите и поттикнување патувања во текот на целата година.

Според претставените податоци, секторот поддржува повеќе од 20 милиони работни места и опфаќа околу пет милиони компании, од кои 99 проценти се мали и средни. За спроведувањето ќе се формира сојуз на јавните власти, бизнисите и другите учесници во туризмот.