Еве кога ЕЦБ ќе почне да ги намалува клучните каматни стапки: Лагард посочи дека оваа информација е пресудна за тоа

Европската централна банка ќе почне да ги намалува каматните стапки кога ќе биде уверена дека инфлацијата се вратила на целта од 2 отсто, изјави претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард за ТВ Франс 2.

– Не можам да прецизирам точен датум кога ќе почнат кратењата, истакна Лагард во интервјуто во четвртокот и додаде дека во наредните месеци ќе има нови, попрецизни податоци и врз основа на нив ќе донесе одлука.

Пазарите се со став дека првото намалување ќе се случи веќе во април, додека креаторите на монетарната политика сигнализираат дека е пореално тоа да се случи кон средината на годината.

Со оглед на тоа што инфлацијата остана под 3 отсто по скокот во декември, официјалните лица на ЕЦБ ги чекаат податоците за зголемувањето на платите што треба да се случи на крајот на првиот квартал.

– Мислам дека го поминавме најголемиот, најтешкиот дел, освен ако не се соочиме со нов голем шок кога се во прашање платите, рече Лагард.

– Платите, во однос на преговорите и колективните договори, се во процес на зголемување и на тој начин што ја надминуваат инфлацијата што ја имаме. Во фаза сме на фаќање, а тоа може да потрае две до три години, заклучи таа.

Можеби ќе ве интересира...

Французите стопиле 27 милиони кованици евра

BiznisPRO

Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите во петок – повеќе експозитури ќе работат и во сабота

BiznisPRO

Visa назначува нови лидери за регионот CISSEE

BiznisPRO