Европските берзански индекси се нерамномерни, цената на нафтата порасна, цената на златото падна

Денеска европските берзански индекси се нерамномерни, американските индекси се во пад, а во исто време е забележан скок на цената на нафтата и пад на цената на златото.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9 часот порасна на 17.955,95 поени, лондонски FTSE 100 на 7.733,25 поени, додека францускиот CAC 40 падна на 8.160,61 поени, а московскиот MOEX на 3.295.3 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 38.714,77 поени, индексот S&P 500 на 5.117,09 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 15.973,17 поени пред денеска да се отвори берзата.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 81.633 долари, а на нафтата од типот брент на 85.779 долари.

На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 27,3 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.150,78 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата порасна на 5,3262 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08918, што е приближно исто како и во петокот.

Можеби ќе ве интересира...

Годишната стапка на инфлација во еврозоната во февруари беше потврдена на 2,6 отсто

BiznisPRO

Европските берзи благо пораснаа, но тргувањето е претпазливо

BiznisPRO

Европската комисија покрена постапка против Мета

BiznisPRO