Потрошувачите во еврозоната очекуваат инфлацијата да биде 3,5 отсто во следните 12 месеци

Потрошувачите во еврозоната очекуваат инфлацијата да биде на ниво од 3,5 отсто во следните 12 месеци, покажуваат резултатите од истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ) во август објавено денеска.

Овој резултат претставува благ пораст во однос на јуни и јули, кога потрошувачите очекуваа инфлација од 3,4 отсто во следната година, се наведува на веб-страницата на ЕЦБ.

Несигурноста на потрошувачите за инфлацијата во следните 12 месеци е најниска од март 2022 година.

Потрошувачите очекуваат дека просечната инфлација во еврозоната во следните три години ќе биде 2,5 отсто, што е исто како и минатиот месец.

Очекувањата за инфлација се приближно исти во сите возрасни групи, иако помладите испитаници на возраст меѓу 18 и 34 години сè уште очекуваат пониски стапки на инфлација од испитаниците на возраст од 55 до 70 години.

Можеби ќе ве интересира...

Германската инфлација во јануари беше најниска во последните две и пол години и падна на 2,9 отсто

BiznisPRO

За еден долар за барел: Пад на цените на нафтата, инвеститорите претпазливи

BiznisPRO

Работниците во Германија очекуваат војната да ги погоди нивните компании

BiznisPRO