Ова е најдобриот град за далечина

Најдобар град за работа на далечина и таканаречена хибридна работа е Барселона, според истражувањето на швајцарската компанија IWG.

Привлечноста на Барселона лежи, меѓу другото, во нејзината „уникатна комбинација на сонце, море, песок и космополитска атмосфера“, се вели во студијата, пренесува CNBC.

Шпанскиот град постигна добри резултати во однос на транспортните трошоци и има „релативно ниски трошоци за живот“ во споредба со другите популарни светски градови.

Просечната месечна кирија во Барселона е околу 1.070 евра, што е значително помалку од некои други популарни градови, како Њујорк.

Кафето во Барселона во просек чини 2,47 евра, помалку отколку во Лос Анџелес, каде што чини 4,54 евра или во Пекинг, каде што чини 4,22 евра.

Комбинацијата на патување и работа е сè попопуларна ширум светот.

IWG спореди 26 градови низ светот, оценувајќи ги на скала од 1 до 10 во следните категории: клима, култура, сместување, транспорт, храна и пијалоци, чувство на среќа, брзина на интернет конекција и достапност на флексибилен работен простор.

Второто место на листата го зазеде Торонто, а трето Пекинг, а зад нив се Милан, Њујорк, Рио де Жанеиро, Амстердам, Париз, Џакарта и Лисабон.

Можеби ќе ве интересира...

Нафтениот гигант ги предупреди Бугарите: Ќе останете без гориво

BiznisPRO

Само осум проценти од работниците се вратија на работа во канцелариите на Менхетен по коронавирусот

BiznisPRO

Датумот на продолжувањето со работа сè уште не е познат: BMW привремено го СУСПЕНДИРА ПРОИЗВОДСТВОТО во Шенјанг

BiznisPRO