ЊУЈОРК/ФРАНКФУРТ/МОСКВА – Европските берзански индекси денеска се нерамномерни, а истовремено е забележан раст на цената на нафтата и пад на цените на златото и пченицата.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.021,85 поени, францускиот CAC 40 на 8.185,62 поени, додека лондонски FTSE 100 падна на 7.767,56 поени, а московскиот MOEX на 3.302,0 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс се искачи на 39.043,32 поени пред денешното отворање на пазарот, додека вредноста на индексот S&P 500 падна на 5.165,31 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.177,77 поени.