Финансискиот директор на „Модерна“ дојде еден ден на работа и си замина со 700.000 долари

Новиот финансиски директор на „Модерна“ за прв пат дојде на новото работно место во понеделникот, а следниот ден му беше кажано дека повеќе не мора да доаѓа.

Она што е уште поинтересно е што тој работен ден ќе си го наплати 700.000 долари.

Причината поради која Хорхе Гомез толку брзо го напушти производителот на вакцини против Ковид-19 е во неговата поранешна компанија. Отказот дојде кога се дозна дека производителот на стоматолошка опрема, Дентспли Сирона, поранешен работодавач, започнал внатрешна истрага, во која е вклучен и Гомез, во врска со прашањето за финансиското известување.

„ Одборот за ревизија (ДИК) исто така ги истражува наводите дека одредени поранешни и сегашни членови на повисокото раководство насочиле употреба на стимулации и други активности на компанијата за да се постигнат целите за компензација на извршните директори во 2021 година“, напиша Дентспли Сирона во поднесокот.

Иако е под истрага, Гомез ќе добие 12-месечна плата од 700.000 долари од „Модерна“, но нема да добие бонус од 500.000 долари за „потпишување“, надоместување на трошоците за преселба или парична награда за нов ангажман, соопшти „Модерна“.

Можеби ќе ве интересира...

Нема резерви: „Снабдувањето со енергија е на работ“

BiznisPRO

ЕБОР го назначи Фатих Туркменоглу за нов Претставник во Северна Македонија

BiznisPRO

Wizz air и Airbus потпишаа договор за авиони кои работат на водороден погон

BiznisPRO