Цената на нафтата паѓа

Европските берзански индекси денеска се во пораст, а истовремено е забележан пад на цената на нафтата и скок на цената на златото.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 10:15 часот порасна на 15.974,75 поени, исто како и лондонскиот FTSE 100 на 7.495,53 поени, францускиот CAC 40 на 7.268,79 поени, а московскиот MOEX на 3.231 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 35.088,29 поени пред денешното отворање на берзата во САД, како и вредноста на индексот S&P 500 на 4.538,19 поени и вредноста на индексот Nasdaq на 14.199,98 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта падна на 77,665 долари за барел, како и цената на нафтата од типот брент на 82,282 долари.

Можеби ќе ве интересира...

Ново покачување на минималната плата: Еве колку ќе изнесува од март 2024 година

BiznisPRO

Најстариот ланец од ваков тип во Европа конечно пристигнува и во Македонија

BiznisPRO

Цените на нафтата надминаа 99 долари по руското признавање на Доњецк и Луганск

BiznisPRO