Германија во очајна потрага: 43,1 отсто од компаниите викаат за работници

Голем број германски компании се повеќе бараат квалификувани работници, е заклучокот од најновото истражување на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Резултатите од истражувањето на 9.000 германски компании покажуваат дека 43,1 отсто од компаниите пријавиле недостаток на квалификувани работници во јули.

Во априлското истражување, 42,2 отсто од компаниите во Германија пријавиле исти проблеми, се наведува на веб-страницата на организацијата.

„Многу германски компании, и покрај забавената економија, сè уште очајно бараат квалификувани вработени“, вели експертот на МФО, Стефан Зауер.

Компаниите бараат нови работници пред се во услужниот сектор. Во правните и сметководствените услуги, 75,3 отсто од компаниите не можат да најдат соодветни кандидати, а околу две третини од компаниите од областа на транспортот, архитектурата и инженерството тврдат дека им недостига квалификувана работна сила.

Кај производителите на ИТ опрема, погодени се 43,1 отсто од анкетираните компании, а во производството на машини овој процент е 40,9 отсто. Во трговијата и градежништвото нешто помалку од една третина од компаниите се жалат на недостиг од квалификувани работници.

Можеби ќе ве интересира...

Годишната стапка на инфлација во Германија во ноември беше потврдена на 3,2 отсто

BiznisPRO

Индекс на страв и алчност: Биткоинот се приближува до 50.000 долари, овие 3 криптовалути забележаа најголем раст

BiznisPRO

Доаѓа ново покачување на пензиите во септември

BiznisPRO