Хаос на пазарот на криптовалути: Биткоин падна под 16.000 долари за прв пат во две години

Продлабочувањето на вредноста на криптовалутите е под влијание на новите детали од скандалот со платформата за тргување со криптовалути FTX.

Имено, откако берзата на основачот Сем Бенкман-Фрид поднесе барање за банкрот, криптоберзата тврдеше дека е хакирана и дека „се чини дека сите средства ги нема“.

Во меѓувреме, медиумските извештаи покажаа дека Alameda Research, трговска фирма основана од Сем Бенкман-Фрид, искористила милијарди долари од корисниците на платформата FTX без знаење на инвеститорите, пренесува Teletrader.

Биткоинот на тој начин потона за дури 5,53 отсто во изминатите 24 часа и се тргуваше за 15.921 долари за „монета“ во 01:28 часот по полноќ, додека етерот во исто време ослабе за 6,52 отсто на 1.182,54 долари.

Можеби ќе ве интересира...

Се ослободува од акциите и инвестира во нови сектори: Одлуките на Гејтс се сигнал за пазарна криза

Бизнис про

ЗЕМЈОТРЕС ВО ЕКОНОМИЈАТА: Повеќе од 50.000 компании згаснаа во Германија за половина година

Бизнис про

Пониска цена на црното злато: Денеска нафтата нешто поевтина

Бизнис про