Инфлацијата достигна 4,1 отсто на годишно ниво, а во декември поскапеле тraнспортот, рестораните, здравствените услуги, рестораните…

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, изнесуваше 0.4 %, соопшти ДЗС.

Индексот на трошоците на животот во 2025 година, во однос на 2024 година, бележи пораст од 4.1 %, а индексот на цените на мало од 3.6 %.

Движењето на индексот на трошоците на животот во 2025 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката.
Пораст на индексите е забележан во сите групи: Ресторани и хотели за 7.2 %, Рекреација и култура за 6.4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5.9 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 5.2 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 4.6 %, Разновидни стоки и услуги за 3.7 %, Облека и обувки, Здравје за 3.1 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1.8 %, Комуникации за 1.3 %, Транспорт за 0.8 % и Образование за 0.1 %.

Зголемувањето на инфлацијата во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 5.8 %, Рекреација и култура за 0.8 %, Здравје за 0.7 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5 %, Ресторани и хотели за 0.4 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.2 %, Разновидни стоки и услуги, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.

Во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 0.4 % и Облека и обувки за 0.2 %.

Трошоците на животот во групите: Образование и Комуникации остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на трошоците на животот во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, бележи зголемување од 4.1 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.7 %.

Индексот на цените на мало во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, изнесуваше 101.9.

Можеби ќе ве интересира...

Доколку сте вработени, оваа сума мора да легне на вашата сметка до крајот на годината!

BiznisPRO

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА од Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија

BiznisPRO

Колку ќе чинат девизите на 26. февруари 2025

BiznisPRO