Скопскиот регион учествува со 45.9 % во бруто-домашниот производ, а Североисточниот Регион со 4.5 %

Во 2023 година, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Северна Македонија има Скопскиот Регион со 45.9 %, додека најмало учество има Североисточниот Регион со 4.5 %, информира Државниот завод за статистика.

Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Северна Македонија, имаат Скопскиот Регион со индекс 138.2 и Југоисточниот Регион со индекс 111.6. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Северна Македонија.

Во 2023 година, најголемо учество во бруто-инвестициите во основни средства има Скопскиот Регион со 53.2 %.

Главни поенти
Со 16.8 %, Пелагонискиот Регион има најголем пораст на бруто-домашниот производ во однос на 2022 гдина.
Со 107.6 %, Полошкиот Регион има најголем пораст на бруто-инвестициите во основни средства во однос на 2022 година.

Можеби ќе ве интересира...

Банка по грешка му платила на клиентот 81 милијарда наместо 280 долари!

BiznisPRO

Користење на обновливата енергија ќе се уредува со посебен закон – на јавна консултација до 30 август

BiznisPRO

ТИТАН Усје: Продолжувањето на А–интегрираната еколошка дозвола се одвива согласно законот и во соработка со надлежните институции

BiznisPRO