КОМПАНИИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА СО НАМАЛЕНИ ИНВЕСТИЦИИ: Погледнете зошто се случи тоа

Германските компании во изминатите 18 месеци ги намалија планираните инвестиции во просек за 8,4 отсто поради повисоките каматни стапки, покажуваат резултатите од истражувањето на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Компаниите реагираат на повисоки каматни стапки со значително помалку инвестирање во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, како и во истражување и развој – коментира истражувачот на IFO, Мануел Менхоф.

Во извештајот објавен на веб-страницата на IFO се наведува дека намалувањето на инвестициите не е рамномерно распределено.

– Просечното намалување на инвестициите кај сите анкетирани компании е 8,4 отсто, но гледаме и дека 80 отсто од компаниите воопшто не ги приспособиле инвестициските планови – вели експертот на ИФО, Леа Бест.

Ако се анализираат само 20-те отсто од компаниите кои ги промениле инвестициските планови, инвестициите се намалени за 41 отсто.

Гледано во сектори, инвестициите во германската градежна индустрија се намалени во просек за речиси 10 отсто, во трговијата за 9,3 отсто, во производството за 8,2 отсто, а во услужниот сектор за 7,4 отсто.

Намалувањето на инвестициите ќе влијае и на можностите за раст и на проектите за климатска политика, се заклучува во извештајот на IFO.

Можеби ќе ве интересира...

Биткоинот достигна ново рекордно ниво од 71.500 долари

BiznisPRO

Европските берзански индекси се нерамномерни, цената на нафтата порасна, цената на златото падна

BiznisPRO

За фрлена цигара – 250 евра

BiznisPRO