Краш минатата година со над 20 проценти поголема добивка од претходната година

Групацијата КРАШ од Хрватска лани оствари нето добивка од 8,14 милиони евра, што е за 1,42 милиони евра или 21 отсто повеќе од 2023 година, објави Краш.

Остварена е ЕБИТДА од 19,3 милиони евра, што е раст од 1,29 милиони евра или 7,2 отсто, додека маржата на ЕБИТДА изнесува 11 отсто, што е намалување за 0,2 процентни поени.

Вкупниот приход на групацијата изнесува 191,77 милиони евра, што е за 11,88 милиони евра или 6,6 отсто повеќе од вкупните приходи остварени во истиот период во 2023 година.

Можеби ќе ве интересира...

Серија на популарните слатки се повлекуваат од пазарот во БиХ

BiznisPRO

Падна договор: Србија ќе има на располагање дополнителни количини природен гас од Русија

BiznisPRO

Хрватска е на врвот на Европската унија според растот на цените на недвижностите

BiznisPRO