Лагард: Европската централна банка веројатно ќе ги намали каматните стапки во текот на летото

ДАВОС – Европската централна банка (ЕЦБ) веројатно ќе ги намали референтните каматни стапки во текот на летото, изјави претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард во интервју за ТВ Блумберг во Давос.

Лагард посочи дека конечната одлука за каматните стапки ќе зависи од податоците што ќе пристигнат и дека се уште постои одредено ниво на неизвесност бидејќи некои показатели се уште не се „цврсто закотвени“ на посакуваното ниво.

Таа додаде дека пазарите не треба да бидат премногу оптимисти за намалување на каматните стапки, бидејќи тоа ќе се спротивстави на напорите на Европската централна банка да ја потисне инфлацијата.

Можеби ќе ве интересира...

Државата воведува ограничување на попустите, трговците протестираат: „Цунами на нетрошење“

BiznisPRO

Просечната нето-плата во август 36 390 денари

BiznisPRO

ГОЛЕМИ СУМИ НА ПАРИ: Погледнете колку чини недвижен имот на брегот на Хрватска

BiznisPRO