Лоша вест: Поскапуваат бензините и нафтата

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 85,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 77,00 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира...

Добра вест: Тргна исплатата на пензиите предвреме, еве која банка излезе со важно соопштение

BiznisPRO

Важна информација од УЈП

BiznisPRO

Со промоција на европски конзервирани праски во Северна Македонија, претставен квалитетот на агро-прехранбените производи со европско потекло

BiznisPRO