Колони на возила и големи гужви се забележани на бензинските пумпи низ Македонија, откако цената на нафтата на светските берзи скокна на 116 долари за барел.
Малопродажната цена во моментов на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 75,50 денари/литар.
Минатата недела нафтата се движење околу 100 долари за барел на светските берзи, што значи дека во понеделник можно е да има позначително поскапување, имајќи го во предвид силниот и незапирлив скок на црното злато на светско ниво.
*фото илустрација
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...