МФ: Усвоени Фискалната стратегија 2025-2029 и Стратегијата за управување со јавен долг

Министерството за финансии ги подготви, а Владата на последната седница ги усвои Фискалната стратегија за период 2025-2029 и Стратегијата за управување со јавен долг за 2025-2027 со изгледи до 2029 година. Тоа претставуваат стратешки документи кои ја исцртуваат на среден рок патеката по која ќе движи фискалната политика.

„Ваквото среднорочно планирање овозможува поголема предвидливост и транспрентност во креирањето на политиките. Целта на фискалната политика согласно усвоената Стратегија во наведениот период е подобрување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност. Тоа ќе се осtвари преку постепена фискална консолидација, подобрување на управувањето на јавните финансии и одржување на високо ниво на капитални расходи. Истовремено ќе се продолжи и со поддршка на економијата со инвестиции во инфраструктурни проекти, редизијанирање на структурата на јавните финансии во која ќе доминира високо ниво на капитални расходи и зајакнување на транспареноста и отчетноста“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и додаде дека особен фокус ќе биде ставен на намалување на неформалната економија и поголема наплата на приходите во буџетот.

На среден рок, со фискалната политика се предвидува етапна фискална консолидација, притоа, буџетскиот дефицит е намален како процентуално учество во БДП. Исто така, ќе се преземат мерки за фискална консолидација, со цел постигнување умерено ниво на задолженост.

Имено со усвоената Стратегија за управување со јавниот долг на среден рок се утврдува рамката за дејствување на Владата во насока на прудентно управување со јавниот долг на државата, а притоа да се остварат целите на политиката за управување со јавниот долг за финансирање на потребите на државата со најнизок можен трошок, идентификација за следење и управување со ризиците и развој и одржување ефикасен домашен финансиски пазар.

Главна цел на управувањето со јавниот долг е да овозможи потребите и финансиските обврски на државното финансирање да можат да се извршат со најниски трошоци на среден и долг рок, со прифатливо ниво на ризик. Со цел да се задржи нивото на јавниот долг во одржливи рамки, без да се наруши фискалната одржливост, со Стратегијата се утврдуват лимити на вкупниот јавен долг на среден и долг рок. Така согласно проекции во 2024 година на крајот тој ќе достигне ниво од 66,4 % и во наредните години постепено ќе се намалува како резултат на постепената фискална консолидација и во 2029 година ќе биде под утврдениот лимит од 60% од БДП. Исто така, со цел намалување на ризикот од висината на издадените гаранции се дефинира лимит на издадени гаранции и акцент се става на проекти коишто се самоодржливи и генерираат приходи, поддржуваат економски раст и овозможуваат поголема конкурентност на домашанта економија на среден рок.

Главна цел на управувањето со јавниот долг согласно Стратегијата е да овозможи потребите и финансиските обврски на државното финансирање да се извршат со најниски трошоци. При тоа една од основните цели во управувањето со јавниот долг е да се овозможи развој на домашниот пазар на државни хартии од вредност со што ќе се создадат услови за намалување на ризикот од рефинансирање на долгот, резистентност на екстерни шокови и обезбедување долгорочна одржливост на долгот.

Можеби ќе ве интересира...

Audi затвора фабрика во срцето на Европа

BiznisPRO

Колку ќе чинат девизите денес – Курсна листа за 20 јуни

BiznisPRO

Ангеловска-Бежоска: Народната банка го поддржува женското претприемаштво како двигател на економскиот раст

BiznisPRO