Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска присуствува на Вториот министерски самит на Република Србија, Република Македонија, Република Грција и Република Бугарија, кој се одржува во Белград, во организација на Република Србија.
Во фокусот на самитот се сигурноста на снабдувањето, развојот на Вертикалниот гасен коридор, пристапот до LNG капацитетите преку Александруполи, диверзификацијата на изворите и правците на снабдување, како и унапредувањето на регионалната соработка во електроенергетиката.
Самитот следува по првата министерска средба во Атина во мај и го продолжува дијалогот за заеднички регионален пристап кон енергетската сигурност и отпорноста на системите.
Во македонската делегација се и директорот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, заменик-генералниот директор на МЕПСО, Александар Пауноски, како и претставници на НОМАГАС.
Во рамки на посетата, министерката Божиновска ќе оствари и билатерална средба со бугарскиот министер за енергетика, со фокус на понатамошното унапредување и проширување на веќе воспоставената соработка..
фото: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини
