• октомври 27, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Мтел станува и мобилен оператор во Македонија

Мтел станува и мобилен оператор во Македонија

Скопје, 26 октомври 2022 – МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата, од денеска почнува да нуди нови услуги во Северна Македонија – мобилна телефонија и интернет, како и пакет услуги кои што вклучуваат и сателитска телевизија. Мтел со ова ја проширува својата понуда на врвни сервиси и ексклузивни дигитални содржини, кои што на корисниците им нудат едно поинакво искуство во доменот на телекомуникациите.

Понудата, која што Мтел им ја нуди на корисниците е осмисленa согласно потребите и желбите на граѓаните, како и според особеностите на домашниот телекомуникациски пазар. А, една од главните предност на Мтел е тоа што е единствениот телекомуникациски оператор кој што им овозможува бенефиции и пристап до ексклузивни дигитални содржини и на своите при пејд корисници.

„За овие година дена, колку што сме присутни на пазарот, корисниците имаа прилика да нè запознаат, да ги пробаат услугите и поддршката која што им ја нудиме. Од денеска можат да ни се обратат и за врвно искуство во мобилната телефонија и интернетот, телевизија и пакет услуги. На корисниците особено внимание би им осврнал кон нашата понуда во при пејд сегментот, за која што сме уверени дека ќе претставува вистинско освежување на пазарот. Она што не издвојува, исто така, е понудата на дигитални сервиси – нашите корисници ќе можат да добијат ексклузивен пристап до две апликации mPlay TV и Balkan МYusic, кои што нудат најдобар избор на содржина за забава, како и серии и филмови, така и атрактивна музика“, изјави генералниот директор на Мтел, Марко Лопичиќ.

Телеком Србија групацијата, во чии рамки делува и Мтел, настојува на секој пазар каде што е активна да понуди квалитетни услуги и врвна понуда, секогаш подобрувајќи го искуството на корисниците.

По повод почетокот на понудата на услуги од мобилната телефонија, генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ истакна дека Мтел доаѓа од семејството на регионалниот телекомуникациски лидер, што секако позитивно ќе се одрази на квалитетот на вкупната понуда на пазарот.

„Нè издвојува доброто познавање на деловните активности во овој регион, бидејќи нудиме услуги и ексклузивни содржини преку мултимедијални платформи на целото подрачје, од Македонија до Словенија. Од Мтел во иднина треба да очекувате нови инвестиции, отворање на нови работни места и ширење на мрежата на локални партнери. Телеком Србија во овој момент е во голема експанзија. Додека овде почнуваме да нудиме нови услуги, истовремено ги прошируваме активностите на нашите компании на подрачјето на Европа, како неодамна во Швајцарија, а планот е наскоро да бидеме присутни и на пазарите во Германија и САД“, истакна Владимир Лучиќ.

Телеком Србија групацијата веќе дава услуги од областа на мобилната телефонија, интернетот и телевизијата за повеќе од 11 милиони корисници во регионот и Европа. Компанијата константно настојува на своите корисници да им претстави нови концепти на услуги, да го унапреди искуството преку иновативна понуда, но и да биде двигател на развојот како на локалниот, така и на регионалниот пазар кон целосна дигитална трансформација.

Поврзани соддржини

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна,…
Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација

Дали треба да се стави крај на манипулациите со…

До брз кредит може да се дојде многу лесно со обично покажување…
Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога…

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано…
Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи…

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната…
Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив

Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите…

ДЕКЛАРАЦИЈА, ДОГОВОР МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД ПОЛИТИКАТА, ИЗВОЗОТ НАД…
Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт од 07ми до 09ти јуни

Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт…

Бизнис светот е синергија на упорност, визија, партнерство, но и квалитетни услуги…
Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има најевтини горива во регионот

Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има…

Српските медиуми ги информираа своите граѓани дека во Македонија горивата се најевтини…
Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова се новите цени

Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова…

Поевтинуваат бензините. И тоа за 0,5 денари поевтинува Еуросупер 95. Истиот од…
Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа…

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани…
Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи…

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи…
Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан…

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град…
Оддржана констутивна седница на НАТТА

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за…