Најголемиот производител на месо во Данска ќе отпушти стотици вработени

Најголемиот производител и извозник на месо, компанијата „Danish Crown“ денеска објави дека планира да отпушти околу 500 работници во голема реорганизација, за да заштеди околу 73,35 милиони долари годишни трошоци.

„Данската круна се опоравува од кризата и се соочува со радикални промени. Нашите трошоци се едноставно превисоки во споредба со нашата заработка“, рече извршниот директор Нилс Дуедал, кој го презеде кормилото на 1 септември, се вели во соопштението.

Тој најави дека организацијата се приспособува во однос на новите деловни услови и најави стопроцентно фокусирање на основната дејност на компанијата за да се обезбеди подобра исплата на земјоделците.

Можеби ќе ве интересира...

По есенската, доаѓа и новогодишната кошничка

BiznisPRO

ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ПОД ЛУПА НА БРОЈКИТЕ: ДЗС објави колку изнесува додадената вредност во 2024 година

BiznisPRO

Убава вест: Оваа банка пензиите ќе ги исплати предвреме

BiznisPRO