Невработеноста во еврозоната падна на историски најниско ниво

Невработеноста во еврозоната се намали од декемвриските 6,5 на 6,4 отсто во јануари и сега е на историски најниско ниво, објави денеска Евростат.

Во Европската унија стапката на невработеност во јануари изнесуваше шест отсто, што е исто како и во декември.

Евростат проценува дека во јануари во Европската унија биле невработени 13,144 милиони луѓе, од кои 11,009 милиони биле во еврозоната.

Во споредба со декември, невработеноста е намалена за 7.000 во Европската унија и за 34.000 во еврозоната.

Ако ги споредиме сегашните податоци со јануари 2023 година, невработеноста паднала за 10.000 во Европската унија и за 232.000 во еврозоната на годишно ниво.

Невработеноста кај младите до 25 години во јануари изнесува 14,9 отсто во Европската унија и 14,5 отсто во еврозоната, што и во двата случаи е исто како и во декември.

Висока невработеност е забележана во Шпанија 11,6 отсто, Грција 10,4 отсто, Франција 7,5 отсто, Италија 7,2 отсто, додека ниски стапки на невработеност се регистрирани во Малта 2,6 отсто, Полска 2,9 отсто, Чешка три отсто, Германија 3,1 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

На трето место е Марк Цукерберг: гордата титула за НАЈБОГАТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ја носи основачот на позната компанија

BiznisPRO

Шампионски на E-Commerce наградите – Ananas со дури седум награди

BiznisPRO

Капитален маневар на Џорџ Сорос пред изборите во САД: „Кој може да го спречи?

BiznisPRO