Нов силен пад на нафтата на светските берзи

Цените на нафтата се лизнаа за повеќе од 6 долари за барел во средата поради притисокот на американскиот претседател Џо Бајден да ги намали зголемените трошоци за гориво, вклучително и притисокот врз големите енергетски фирми во земјата да помогнат на граѓаните за време на врвот на летната потрошувачка.

Утринава фјучерсите на американска сирова нафта Вест Тексас Интермедиејт (WTI) беа намалени за 5,98 долари, или 5,46 отсто, на 103,54 долари за барел. Слично на тоа, фјучерсите на суровата нафта Брент паднаа за 5,67 долари или 4,95 отсто на 108,98 долари за барел.

Можеби ќе ве интересира...

Светски берзи: Берзата заглави по силниот раст од почетокот на годината

BiznisPRO

Ново намалување на цените на горивата во Северна Македонија

BiznisPRO

Го продаде својот авион поради социјалните мрежи: Милијардерот Бернард Арно сака само малку од својата приватност

BiznisPRO