- март 21, 2022
- 0 МИНУТА ЧИТАЊЕ
НОВ СКОК НА ЦЕНАТА: Нафтата повторно поскапе

Цената на нафтата на светскиот пазар денеска расте за повеќе од три долари, а „брент“ од Северното Море ја надмина сумата од 111 долари за барел.
Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море е повисока за 3,74 долари и изнесува 111,67 долари за барел.
На берзата во Њујорк цената на лесната сурова нафта порасна за 3,98 долари и сега изнесува 108,68 долари за барел.
Цените на нафтата се зголемија пред разговорите меѓу администрациите на ЕУ и американскиот претседател Џозеф Бајден во текот на неделата за одговорот на Западот на руската воена операција во Украина.