НОВА РЕФОРМА: Пензиите во земја од регионот растат за 40 отсто!

Пензиите во Романија ќе се зголемат во септември 2024 година во просек за 40 отсто, изјави министерката за труд Симона Букура Опреску.

Првата фаза предвидува индексирање на пет милиони пензии во јануари за 13,8 отсто, според предложениот закон за пензии што Владата ќе го испрати до Собранието до крајот на месецот.

Исплатата на пензиите според новите пресметки ќе започне во септември 2024 година и ќе ја елиминира нееднаквоста со гарантирање иста пензија на сите граѓани кои работат исто работно место ист број години.

Предлог-законот требаше да биде усвоен во првата половина од годинава, но неколку пати беше одложуван. Планираниот датум за стапување во сила се совпаѓа со локалните, парламентарните, претседателските и европските избори. Владините трошоци за пензиите ќе се зголемат следната година на приближно 146 милијарди леи (31,45 милијарди американски долари), од 115 милијарди леи оваа година.

Реформата на пензискиот систем е услов Романија да ги повлече средствата од фондовите на ЕУ за закрепнување од кризата со коронавирус, истакнува Ројтерс, додавајќи дека Букурешт се обврзал да ја елиминира нееднаквоста и да избегне политизирање на зголемувањето на пензиите пред изборите, пренесува Индекс.

Можеби ќе ве интересира...

Хрватите полудеа по акциите на оваа ИТ компанија: Од почетокот на годината скокнаа за 100 отсто

BiznisPRO

Владимир Лучиќ најавува: Нови ексклузивни ТВ канали во мрежата на Телеком Србија!

BiznisPRO

Убава вест: Се очекува големо намалување на цената на становите

BiznisPRO