Новата генерација на A1 WayUp ја започнаа својата кариера во А1 Македонија

А1 Македонија четврта година по ред ги отвори вратите за младите таленти за да се стекнат со практично знаење и да добијат можност својата кариера да ја градат во рамките на компанијата и Групацијата А1.

Оваа година, 8 практиканти својата кариера ќе ја градат во една од следниве области во дигиталниот свет: автоматизација, анализа на податоци и виртуелизација, Infrastructure & Cloud, технолошки сервиси и бизнис-маркетинг.

„Горди сме на големиот број апликации што ги добивме и оваа година за програмата. Тоа е доказ дека младите во А1 препознаваат напредна, модерна и стручна работна средина каде што можат да научат, да се градат во специјализирани области и секако да напредуваат во своите кариери. Се радуваме на новата генерација што ја очекуваат многу обуки и дигитални вештини за усовршување на веќе стекнатото знаење од факултетите од кои доаѓаат“, изјави Стефан Јовановски, директор за човечки ресурси и култура на А1 Македонија.

A1 WayUp е препознатлива програма, која нуди одлична можност за младите да почнат да го градат својот кариерен пат преку практично искуство и работа на реални проекти. Практикантите во А1 ќе имаат целосна поддршка од менторите и од тимовите, како и бенефиции еднакви на сите други вработени во компанијата. Покрај работа на конкретни и иновативни проекти, учесниците може да очекуваат обуки и ресурси за стекнување нови вештини и усовршување на постојните, обезбедувајќи континуиран раст и подготвеност за идните предизвици.

A1 Way Up е платена програма за практиканти и трае 6 месеци, со полно работно време од 40 часа, со можност за вработување и пред завршување на програмата. Избраните учесници, ги добиваат истите бенефити во поглед на учење, развој и погодности како и секој вработен на А1, а со тоа компанијата ја внесува добропознатата корпоративна култура на флексибилност, агилност, тимска работа и неограничени можности за учење и развој.

Можеби ќе ве интересира...

По 11 години: Зголемен кредитен рејтинг

BiznisPRO

Нова цена на горивата

BiznisPRO

Заокружена финансиската конструкција за изградба на Гасниот интерконектор со Грција, обезбедени 98,6 милиони од ЕБОР

BiznisPRO