Нови правила за изнајмување стан преку познатата онлајн платформа

Американската платформа за изнајмување дигитално сместување Airbnb соопшти дека ќе ја забрани употребата на внатрешни безбедносни камери во заедничките области на сместувачките капацитети ширум светот до крајот на следниот месец.

Платформата со седиште во Сан Франциско соопшти дека се стреми да ја поедностави својата политика за безбедносни камери, истовремено обезбедувајќи приоритет за приватност .

Еден од шефовите на Airbnb, Џунипер Даунс, истакнува дека овие промени се направени во консултација со гостите, домаќините и експертите за приватност.

„Ќе продолжиме да бараме повратни информации за да се осигураме дека нашите политики функционираат во интерес на нашите заедници ширум светот“, рече тој.

Airbnb дозволи користење на внатрешни безбедносни камери во заедничките простории на сместувачките капацитети, се додека локациите на камерите се објавени на страницата со оглас.

Можеби ќе ве интересира...

Утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики, очекуваме дополнително намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи

BiznisPRO

Пензиите во март следната година ќе скокнат за уште 2.500 денари, но колку ќе се покачи минималната плата?

BiznisPRO

Зимско сметање на времето

BiznisPRO