УЈП ја објави најновата Листа на должници.
На Листата на должници бр.04/2026 објавени се 1.898 должници – правни лица (помалку за 109 од претходната листа) и 3.078 физички лица (помалку за 1.023 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.04/2026 изнесува 11.986.622.418 денари, (повеќе за 64.700.764 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.807.861.928 денари, (повеќе за 102.695.467 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 178.760.490 денари (помалку за 37.994.703 од претходната листа).
Листата на должници е објавена на сајтот на УЈП и може да се погледне тука.
Инаку Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.03/2026 за долгови доспеани до 30.11.2025 и неплатени до 28.02.2026 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица. Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
