ОГРОМЕН СКОК НА ЦЕНАТА НА ПЧЕНИЦАТА: Причината е пропаѓањето на Црноморскиот договор

Цената на пченицата во тргувањето денеска скокна откако Русија се повлече од договорот со Украина за извоз на жито по нападите на бродовите вклучени во обезбедувањето на трговскиот пат преку Црното Море.

Пченицата за испорака следниот месец поскапе за 5,5 отсто на 8,75 долари за бушел (27,2 килограми) на трговската берза во Чикаго, достигнувајќи максимум од 8,93 долари во почетокот на тргувањето. Цената на пченката се зголемила за 2,2 отсто по бушел (25,4 килограми), додека сојата зајакнала за 1,0 отсто на 14,13 долари, пренесува Раша тудеј.

Договорот за жито, со посредство на ОН и Турција, беше договорен меѓу Русија и Украина во јули, со цел да се деблокира извозот на земјоделски производи преку Црното Море од Русија и Украина, кои беа запрени поради воениот конфликт меѓу двете земји.

Москва во саботата објави дека се повлекува од договорот поради напади со беспилотни летала врз бродовите на руската Црноморска флота кои обезбедуваат премин на земјоделски товар. Киев ниту го потврди ниту негира извршувањето на нападот, а одлуката на Русија ја окарактеризира како „примитивна уцена“.

Заедничкиот координативен центар во Истанбул денеска соопшти дека ОН, Турција и Украина се договориле за план за заминување на 16 бродови лоцирани во турските територијални води и покрај одлуката на Русија да го суспендира договорот.

Можеби ќе ве интересира...

Скокна цената на месото: Аргентина го прекина извозот на говедско месо на 15 дена

Бизнис про

Нов силен скок на цената на нафтата на светските берзи

Бизнис про

Кратења во сите сектори: Мајкрософт отпушти илјада луѓе

Бизнис про