фото Бизниспро

Економијата на еврозоната стагнира

Според првата прелиминарна проценка, економијата на еврозоната стагнираше во четвртиот квартал од 2023 година во однос на претходниот квартал, објави денеска Евростат.

Во истиот период, економијата на Европската унија порасна за 0,1 отсто, германската економија во четвртиот квартал од минатата година забележа пад од 0,3 отсто на квартално ниво, француската економија стагнираше, шпанската економија порасна за 0,6 отсто, а италијанската економија за 0,2 отсто.

Ако ги споредиме резултатите за четвртиот квартал од 2023 година со истиот квартал од 2022 година, економијата на еврозоната порасна за 0,1 отсто на годишно ниво.

Според прелиминарните проценки, економијата на еврозоната пораснала за 0,5 отсто на годишно ниво во 2023 година, со исто темпо како и економијата на Европската унија.

Во 2022 година еврозоната забележа значително повисок раст од 3,4 отсто на годишно ниво, а во 2021 година раст од 5,9 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Руската влада уверува дека нема причина за паника, но граѓаните се пречекуваат со празни полици

BiznisPRO

Приходите од Суецкиот канал се намалени за половина

BiznisPRO

Вискито ќе помогне во производството на гориво

BiznisPRO