ПАДНА ОДЛУКА ВО РКЕ: Нови цени на горивата

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,164 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 43,639 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 70,50 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира...

Нова цена на горивата во Македонија

BiznisPRO

Силна профитабилност поттикната од остварувањата на извозниот пазар кои ги надминаа очекувањата, и покрај падот на меѓународните цени

BiznisPRO

Убава вест: Поевтинуваат горивата во Северна Македонија

BiznisPRO