ПРОМО

ПОВЕЌЕ ОД 70.000 ДЕЛОВНИ СУБЈЕКТИ СО ПРОМЕТ ОД 2,2 ТРИЛИОНИ ДЕНАРИ – Објавена структурата на македонската економија

Во Македонија во 2025 година работеле 70.843 пазарно ориентирани деловни субјекти во опфатот на новата структурна деловна статистика, покажува соопштението на ДЗС од 29 октомври.

Овие субјекти оствариле вкупен промет од 2.226.478 милиони денари и генерирале бруто-додадена вредност од 522.087 милиони денари.

Преработувачката индустрија имала најголемо учество во додадената вредност, со 26,2 проценти, додека трговијата учествувала со 20 проценти. Податоците се изработени според новата класификација на дејности, што треба да се земе предвид при споредување со претходните години.