Петта недела по ред: Доларот расте, а јапонската валута значително слабее

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна и минатата недела, петти пат по ред.

Имено, се појасно е дека каматните стапки на американската централна банка ќе останат покачени подолго од очекуваното.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела зајакна за 0,1 отсто, на 106,12 поени и во еден момент достигна највисоко ниво во последните пет месеци.

Во исто време вредноста на доларот во однос на европската валута се лизна за 0,1 отсто, па цената на еврото се искачи на 1,0655 долари.

Сепак, доларот зајакна во однос на јапонската валута, за 0,9 отсто, па неговиот курс достигна 154,65 јени и се движи околу највисокото ниво во последните 34 години.

Можеби ќе ве интересира...

Биткоинот на ново највисоко ниво на сите времиња, ја проби магичната линија

BiznisPRO

Светска банка: Расте јазот меѓу богатите и сиромашните земји

BiznisPRO

Брашното во Украина поевтини

BiznisPRO