Главниот град на Германија, Берлин, има планирано уште два неработни одмори. Првиот ќе се случи следната година, додека Берлинчани ќе треба да почекаат до 2028 година за следниот.
Имено, на 8 мај следната година Берлинчани ќе слават 80 години од ослободувањето од националсоцијализмот и крајот на Втората светска војна во Европа, а три години подоцна, на 17 јуни, ќе одбележат 75 години од работничкиот бунт во 1953 година.
Во ГДР, во тоа време стотици илјади излегоа на улиците поради штрајкови и масовни демонстрации. Советските трупи го задушија востанието со помош на полицијата. Имаше повеќе од 100 мртви и 15.000 уапсени.
Веќе е одлучено 8 мај следната година да се слави неработен, додека за вториот се уште се чека потврдата, пренесува Билд.
Инаку, шести пат по ред 8 Март се одбележува како неработен ден во Берлин, а вчера пишувавме во која друга земја го слави Денот на жената како неработен ден.
Со десет државни празници, Берлин има најмалку државни празници, заедно со Хамбург и Бремен. Најмногу имаат Баварија и Баден-Виртемберг со по 12.