Полиса за животно осигурување  – Мудра инвестиција која обезбедува финансиска поддршка во подоцнежните години

Во нашата земја, интересот за полиси за животно осигурување е во пораст, што укажува на зголемена свест и одговорност за здравјето и финансиската иднина. Животното осигурување не е само трошок, туку мудра инвестиција која обезбедува финансиска поддршка за нашите најблиски во случај на несреќа.

 Оваа полиса ни овозможува да создадеме капитал за иднината, особено по пензионирање, и е потребна за секого – без разлика дали сме бизнисмен, самохрана мајка или млад вработен човек. Вложувањето во животно осигурување е вложување во себе и нашата иднина, обезбедувајќи финансиска заштита за нашите најблиски.

Луѓето често погрешно го сметаат животното осигурување за скапа инвестиција, но тоа е заблуда предизвикана од недоволно истражување. 

Постојат различни типови на животно осигурување со различна минимална месечна и годишна премија. На пример за ризико животно осигурување месечна премија е 3 евра, за колективно осигурување месечната премија е 0,5 евра, додека за класично животно осигурување месечна премија 15 евра итн.  

Ќе се согласите износите на премиите се толку ниски, а бенефитите големи! Полисата за животно осигурување може да се адаптира на нашите индивидуални потреби, нудејќи ни го она што ни е потребно и што можеме да си го дозволиме. Таа се одредува согласно возраста, полот, нашите желби и барања, со цел да создаде најдобри услови и придобивки за осигуреникот. 

Полисата за животно осигурување не е само начин за заштита, туку и можност за финансиска стабилност во подоцнежните години. Со мудар избор на осигурување, можеме да бидеме сигурни дека нашите финансиски обврски и планирани цели, како што се образованието на децата или купување нов дом, ќе бидат остварени дури и ако се случат непредвидени ситуации. Животното осигурување е сериозен партнер кога станува збор за создавање подобра и посигурна иднина.

Како инвестиција во себе и во иднината, животното осигурување ни дава шанса мирно да чекориме низ денешницата, знаејќи дека луѓето кои ни се најважни на светот ќе бидат финансиски заштитени доколку нам ви се случи нешто. Но уште поважно, ваквата полиса има однапред должина на важење, која откако ќе истече осигуреникот ги добива вложените средства назад и може да ги искористи за вложување во некоја од работите кои му се навистина важни: реновирање на домот, образование на децата, патувања и слично. Важноста на полисата за животно осигурување ја одредува осигуреникот, во зависност од неговите потреби и можности.

Кога одлучувате да купите полиса за животно осигурување, значи дека инвестирате во иднина во која ќе го отстраните стресот и ќе си овозможите мир и спокој на умот.  Затоа, важно е добро да ги знаете вашите желби и можности, како и да се консултирате со експерт пред да ја донесете конечната одлука. Бидете одговорни за себе и за вашите најблиски, испланирајте го вашето животно осигурување уште денеска.

 

Можеби ќе ве интересира...

50.000 неосигурани автомобили на улиците и покрај тоа што Македонците плаќаат најевтино осигурување во регионот

BiznisPRO

Пет корисници на пакетот Halk EZ добија по две ВИП карти за фестивалот Exit

BiznisPRO

Реакција на компанијата Маргенто на објавени текстови за системот за електронска наплата во јавниот превоз во Скопје:

BiznisPRO