ПОЛНЕТЕ РЕЗЕРВОАРИ: Од ноќеска поскапува дизелот, еве ги новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,52% во однос на одлуката од 29.1.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,804%, кај дизелот за 3,431%, кај екстра лесното масло за 2,549% и кај мазутот зголемувањето е за 0,719%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,306%

Од 3.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 41,439 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит и сега изнесува 78,50 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира...

Биткоинот благо падна на 39.000 евра, Binance Coin порасна за четири отсто

BiznisPRO

Азиските инвеститори се внимателни. Волстрит денес не работи

BiznisPRO

СИЛЕН РАСТ: Цената на нафтата се искачи над 89 долари

BiznisPRO