фото Бизниспро

Потрошувачка кошничка во Црна Гора 2.000 евра

Синдикалната потрошувачка кошничка (СПК) во Црна Гора, за периодот јули-септември, изнесува 2.000 евра и е повисока за 130 евра, односно за 6,95 во однос на три месеци претходно, објави Центарот за образование, информирање и синдикално истражувањена на Црна Гора.

Потрошувачката кошничка се однесува на третиот квартал од годинава и ги опфаќа трошоците на четиричлено семејство со две деца на училишна возраст, објави РТЦГ.

Сојузот на слободни синдикати наведува дека од вкупно десет категории на трошоци, кои се дефинирани со методологијата за изработка на СПК, во овој квартал поскапувања се забележани дури во пет категории.

Тоа се однесува на трошоците за прехранбени производи (3,42 отсто), припишана кирија (11,43), домување и комунални услуги (6,67), образование и култура (30 отсто), годишен одмор (25).

Со наплата на нови цени од трите најголеми малопродажни синџири во Црна Гора за 135 прехранбени производи, кои влегуваат во категоријата трошоци за прехранбени производи, утврдено е дека расходите за прехранбени производи во третиот квартал од 2024 година изнесуваат 605 евра.

Можеби ќе ве интересира...

Во Дубровник дневна карта за паркирање чини како ДВА ДЕНА ОДМОР

BiznisPRO

Хрватската индустрија во февруари го зголеми прометот во однос на истиот период лани

BiznisPRO

Вегета го повлече од продажба свој познат производ

BiznisPRO