Рецесија во Британија и официјално

Бруто домашниот производ (БДП) на Велика Британија падна за 0,3 отсто во четвртиот квартал од 2023 година

Ова е според првата проценка објавена денеска од Канцеларијата за национална статистика (ONS).

По падот од 0,1% во претходниот квартал, економијата на ОК сега влезе во техничка рецесија.

Трите главни сектори забележаа пад на производството, при што производството во градежништвото е намалено за 1,3%, индустријата за 1% и услугите за 0,2%. Од аспект на расходите, падот на обемот на нето-трговската размена, потрошувачката на домаќинствата и државната потрошувачка делумно е неутрализиран со зголемување на бруто инвестициите.

На годишна основа, БДП на ОК се проценува дека пораснал за 0,1% во споредба со последниот квартал од 2022 година. % во ноември.

Можеби ќе ве интересира...

Се зголеми профитабилноста на корпоративниот сектор во 2022 година, а задолженоста и натаму е во умерени рамки

BiznisPRO

„Голдман Сакс“: Златото е подобра инвестиција од биткоинот

BiznisPRO

Грција продава 30 отсто од акциите на аеродромот во Атина

BiznisPRO