Рубљата се врати на нивото кое го имаше во февруари

Руската валута рубљата се врати на нивото кое го имаше во февруари.

Рубљата продолжи да зајакнува во однос на доларот и еврото. Во тргувањето до 7:23 часот по средноевропско време, рубљата се стабилизираше на 63,32 рубљи за долар, откако претходно го достигна нивото од 62,6250, најсилно претставување од 5 февруари 2020 година. Банките нудат многу послаб курс за купување рубљи, пренесе Ројтерс.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера го посочи растот на рубљата како пример за добрите резултати на Русија под санкции. Во март 115 рубљи се тргуваа за еден долар и тогаш валутата доживеа голем пад.

Можеби ќе ве интересира...

Рубљата се опоравува, вредноста расте

Бизнис про

Членките на ЕУ купуваат значително повеќе руски гас отколку пред инвазијата на Украина

Бизнис про

Во Германија 3,4 милиони луѓе ќе добијат по 200 евра: Еве кој има право на отштета

Бизнис про