Зошто ни е потребен одмор за време на работа: Постои точно време од денот кога правиме најмногу грешки на работа

Огромното мнозинство работници и менаџери, 71 отсто, веруваат дека доцните попладневни часови е најлошото време за работа и дека продуктивноста најмногу паѓа помеѓу 15 и 18 часот, покажува истражувањето на Slack, подружница на калифорниската компанија Salesforce.

Ова истражување е спроведено во соработка со агенцијата Qualtrics на повеќе од 10.000 испитаници, пренесува CNBC.

Падот на продуктивноста во доцните попладневни часови е последица на нормалниот деноноќен ритам на телото, кој значително опаѓа меѓу 14 и 17 часот, сметаат експертите.

– Корпорациите претпоставуваат дека работниците во текот на осумчасовниот работен ден се подеднакво продуктивни во 8 часот наутро и во 15 часот, но тоа едноставно не е точно – смета Кристина Јанзер, виш потпретседател за истражување и анализа на компанијата Слек.

На вработените им се советува да работат полесна работа, да прават кратки паузи или да ја слушаат омилената музика во доцните попладневни часови за да ја зголемат концентрацијата на работните задачи.

Можеби ќе ве интересира...

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

BiznisPRO

Закерберг „запали“ 500 милијарди долари ребрендирајќи го Фејсбук во Мета

BiznisPRO

Lenovo со најслаби резултати од октомври 2021 година

BiznisPRO