Руските банки успеваат да го користат меѓународниот платен сообраќај и покрај санкциите

Руските банки и компании продолжуваат да наоѓаат начини да работат во меѓународните платежни трансакции, изјави претседателката на Банката на Русија, Елвира Набиулина.

Таа истакнува дека поради санкциите „сигурно има потешкотии при прекуграничните плаќања“, пренесува ТАСС.

„Сепак, нашите банки и компании наоѓаат различни начини на платежни трансакции со различни земји и се прилично флексибилни во менувањето на овие методи кога се зголемуваат тешкотиите“, рече таа.

Набиулина истакна дека Банката на Русија внимателно ја следи валутната структура што се користи во прекуграничните порамнувања и додаде дека во таа смисла „продолжува да расте уделот на рубљите и валутите на пријателските земји“.

Агенцијата наведува дека субјектите, кои се занимаваат со странска економска активност, самостојно избираат валути за пресметка, врз основа на преференциите и можноста за користење на одредени канали за плаќање.

Можеби ќе ве интересира...

Огромен отпор меѓу вработените: Германскиот финансиски гигант воведе хибридна работна политика, а сега бара РАБОТНИЦИТЕ ДА СЕ ВРАТАТ ВО КАНЦЕЛАРИЈА

BiznisPRO

Објавена нова листа на милијардери: Кој е на врвот сега

BiznisPRO

Откриена најголемата измама во кинеската историја

BiznisPRO