фото: mgmotor.eu

Саем за автомобили: Ова е автомобил на годината за 2024 година

На овогодинешниот саем за автомобили во Белград доминираа електричните модели, а меѓу нив особено се истакна еден од кинеското производство.

Имено, MG4 е прогласен за автомобил на годината, одлучи жирито на Здружението на автомобилски новинари на Србија (ААНС).

Меѓу финалистите за изборот за автомобил на годината се најде Toyota C-HR, која заврши на второто место со само еден поен зад MG, потоа Nissan X-Trail и Volkswagen ID7 го поделија третото место, додека Hyundai Kona беше на петтото место.

„MG4 се истакна благодарение на пристапната цена, одличната приспособливост на градското возење, економичноста и доверливоста, со што докажа дека врвната технологија не е единствениот фактор што ја одредува вредноста на автомобилот на пазарот.

Станува збор за модел кој е еден од најевтините електрични автомобили во својата класа во Србија, а за време на продажната кампања на саемот неговата почетна цена беше 30.990 евра“, се наведува во соопштението на Саемот.

Можеби ќе ве интересира...

Kia EV6 прогласен за автомибил на годината во Македонија за 2024

BiznisPRO

НАЈГОЛЕМИОТ РЕЗЕРВОАР НА ЛИТИУМ НА СВЕТОТ Ова може да ја промени иднината на ИНДУСТРИЈАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА

BiznisPRO

Позната компанија го прекинува производството

BiznisPRO