Швајцарската инфлација падна на 1,2 отсто во февруари, најниска од октомври 2021 година.

Годишната стапка на инфлација во Швајцарија падна во февруари од 1,3 отсто во јануари на 1,2 отсто и е најниска од октомври 2021 година, објави денеска на својата веб-страница Швајцарското федерално биро за статистика BFS.

Цените на храната и на безалкохолните пијалоци во февруари се зголемени за 0,8 отсто на годишно ниво, што е забавено во однос на јануарските 2,3 отсто.

Ресторанските и хотелските услуги поскапеле за 2,1 отсто на годишно ниво, рекреацијата и културата за 1,7 отсто, алкохолните пијалоци и тутунот за 0,6 отсто, но во сите споменати случаи растот на цените е побавен во однос на јануари.

За разлика од нив, цените на становите и енергијата пораснаа за 3,1 отсто, што претставува забрзување во однос на јануарските 2,5 отсто.

Годишната стапка на базичната инфлација во Швајцарија падна во февруари од 1,2 отсто во јануари на 1,1 отсто.

На месечно ниво, инфлацијата во Швајцарија се зголеми за 0,6 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Стигна забрана: Не може веќе да се продава „месо“ без месо

BiznisPRO

Превозник враќа авиони стари 30 години

BiznisPRO

Германија од 1 јуни ги менува правилата за граѓаните од Западен Балкан

BiznisPRO