Станбениот гигант должи 194 милијарди долари

Станбениот гигант „Country Garden“ (Country Garden) од Хонг Конг најави дека ќе го одложи објавувањето на годишните биланси.

Ова е најнов знак на превирања во кинескиот сектор на недвижности, објави денеска Си-Ен-Ен.

Американската телевизиска мрежа оценува дека индикативно е тоа што „Каунтри Гарден“ побара од берзата во Хонг Конг повеќе време за собирање информации поради сложеноста на работата поврзана со реструктуирањето на долгот на компанијата од околу 194 милијарди долари.

Неуспехот на компанијата од Хонг Конг да го исполни рокот до 31 март за објавување на билансот на состојба, најверојатно ќе резултира со суспендирање на акциите од тргување според правилата на берзата.

Берзата денеска е затворена поради празникот Велигден и повторно ќе биде отворена во вторник.
„Контри Гарден“, некогаш најголемиот развивач на недвижнини во Кина, минатиот месец доби барање за ликвидација од доверителите во Хонг Конг поради неплаќање заем вреден околу 204 милиони долари.

Кинеската индустрија за недвижности е нестабилна, што ја отежнува компанијата чија продажба е намалена од минатата година, а само во февруари за цели 85 отсто, што е најголем месечен пад во најмалку седум години, пишува CNN.

Компанијата ги повика доверителите да бидат трпеливи, додавајќи дека продолжува да развива станбени проекти. „Country Garden“ испорача над 600.000 станбени единици во 249 градови низ Кина во 2023 година.

Можеби ќе ве интересира...

Високи цени на огревните дрва во Македонија: Како граѓаните се справуваат со зимските предизвици?

BiznisPRO

Пензионерите ќе се офајдат претпразнично – познато е кога ќе биде исплатата на пензиите

BiznisPRO

Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30%

BiznisPRO