Техномаркет отвори нов салон во Diamond Mall

На првиот кат во Diamond Mall во Скопје, на повеќе од 1.200 м2, денеска се отвори 21-от продажен салон на Техномаркет Македонија. Активни се попусти до 70% на производите на најпознатите светски брендови.

Техномаркет Македонија како еден од првите и водечки брендови за продажба на техника повеќе од 27 години, продолжува да ја проширува својата продажна мрежа.

Со отворањето на новиот модерен “Diamond Store”, Техномаркет Македонија континуирано со своите деловни партнери ги поставува најновите стандарди во купувачкото искуство.
На повеќе од 1.200 м2, на првиот кат во Diamond Mall, сите светски брендови добија можност на свој начин да ја презентираат сопствената понуда со што го прават купувањето поедноставно и полесно.

Техномаркет Македонија како партнер со најпознатите светски брендови – Samsung, Apple, Elеctrolux, Whirlpool, Liebherr, Sony, Philips и многу други, секогаш ги следи најновите технологии и производи и им нуди на своите потрошувачи можност да купуваат по наjдобри цени и услови.
Оттука, голем дел од производите се на попусти и до 70%. Сите потрошувачи кои го посетија салонот денеска имаа можност да купат голем број на продукти по намалени цени, но и да уживаат во добра забава, музика и многу изненадувања.

Довербата што Техномаркет Македонија ја има долги години, како и многубројните признанија, се само уште еден показател за посветеноста и решителноста за приближување кон потребите на своите потрошувачи нудејќи им најдобар однос на квалитет и цена.
Техномаркет со својот професионален тим секогаш се грижи потрошувачите да добијат загарантиран квалитет и услуга.

Можеби ќе ве интересира...

Познато е за колку денари ќе бидат зголемени пензиите – Еве кој колку ќе добие со новото покачување од 5 отсто

BiznisPRO

Зголемен промет во трговијата на мало во септември: Најголем раст кај непрехранбени продукти, пад во трговијата со храна

BiznisPRO

Запрена државната помош за компанијата e.GO

BiznisPRO