Цената на нафтата на светскиот пазар расте

Цената на нафтата на светските берзи денеска се зголемува поради загриженоста за тензиите на Блискиот исток, но растот беше ограничен поради јакнењето на доларот Во Лондон цената на суровата нафта од типот Брент од Северното Море е повисока за 41 центи или 0,46 отсто и изнесува 89. 42 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта порасна за 32 центи или 0,38 отсто и сега изнесува 83,89 долари за барел.

Загриженоста за испораките ги зголеми цените на нафтата бидејќи тензиите на Блискиот Исток не се намалуваат.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека секоја одлука на Меѓународниот кривичен суд, кој го истражува нападот на 7 октомври од страна на палестинската милитантна организација Хамас и израелскиот воен напад врз Газа, нема да влијае на активностите на еврејската држава, туку ќе постави опасен преседан.

Можеби ќе ве интересира...

ТРЕБА ЛИ ПОМАСОВЕН БОЈКОТ НА ГОЛЕМИТЕ “ЛУКСУЗНИ” ЛАНЦИ НА МАРКЕТИ? – За вториот бојкот на маркетите прометот во маркетите падна за 22,12 отсто

BiznisPRO

Комитет за финансиска стабилност: Финансиската стабилност е задржана

BiznisPRO

Неговото богатство надмина 200 милијарди: Сега е четвртиот најбогат човек

BiznisPRO